СТАНДАРД life
Стил

📸📽 Олицетворение на елеганцијата во хит бојата на сезоната: Оваа шик Французинка никого не остава рамнодушен

Минатиот викенд, 18-тото издание на филмскиот фестивал во Рим беше свечено затворено со традиционалната церемонија на доделување награди, која, како и бројните фестивалски премиери, не ја пропушти ниту Филипин Лерој-Боље во улога на претседател на фестивалското жири.

Како и маркетиншкиот гуру Силвија Грато, кого брилијантно ја толкува во хит серијата на „Нетфликс“, оваа 60-годишна актерка има префинет вкус кога е модата во прашање, а доказ за тоа се нејзините бројни изданија во последните недели.

Таа ја затвори фестивалската серија елегантни фустани со фустан во најпопуларната боја на сезоната.

Филипин Лерој-БољеФилипин Лерој-БољеФилипин Лерој-БољеФилипин Лерој-Боље

Таа во голем стил го напушти Рим со скулптурален фустан од италијанскиот крал на елеганцијата „Giorgio Armani“, како што имаше можност да открие на својот Инстаграм.

Станува збор за креација од линијата Privé на Armani, претставена како дел од колекцијата за сезоната пролет/лето 2011, а носејќи и се приклучи на армијата познати дами кои во последните месеци избираат винтиџ креации со потпис на дизајнерот за чекорење по црвен тепих, но и во многу други прилики.

Глам тимот предводен од стилистот Клемент Ломелини и помогна на 60-годишната Французинка да создаде уште еден беспрекорен изглед на црвениот тепих.

Поврзани вести

📷 10-те најинтересни модни комбинации од Еми наградите

Radmila Tasevska

Ева Лонгорија во фустан кој гарантирано привлекува внимание

Urednik

Во ретко појавување со сопругата, Даниел Крег блесна со имиџ каков што не очекувавме

Urednik