Брз, лесен и најмалку напорен за подготовка – што повеќе би сакале од посен рецепт?
Питата е идеална за појадок или за вечера, а ќе биде добра и следниот ден.
Состојки:
* 1 пакување кори за пита
* 1/2 прачка праз
* 150 гр соја снегулки
* 1 морков
* 1 лажица зачини за сува билка
* 1/3 лажичка бипер
* 1 лажичка сув магдонос
* 1 лажичка сладок пипер
* масло
* 1 кесичка прашок за пециво
* 100 мл вода
Подготовка:
Ставете ги да се варат снегулките од соја, а потоа измијте ги и исцедете ги.
Празот ситно исечкајте го и морковот изрендајте го, па заедно оставете го да се динста. Кога сè е добро динстано, додадете соја. Намалете ја температурата и динстајте на тивок оган уште 15 минути.
Попрскајте ја кората со мешавина од вода, прашок за пециво и масло, па покријте ја со друга кора, повторете ја постапката, па со трета. На третата оди филот.
Корите завиткајте ги во ролат и ставете ги во плех за печење.
Печете 30 минути на 200 степени.
На здравје!