Српската пејачка Александра Пријовиќ одржа пет распродадени концерти во Арена Загреб со само еден ден пауза, а на пејачката поради напорното темпо имала потреба од лекарска помош.
Како што откри на сцената, пред петтиот концерт завршила на инфузија.
„Мислев дека нема да издржам, но издржав“, рече Александра и им се заблагодари на лекарите.
Атмосферата на петтиот концерт беше на врвот како и секоја вечер, а на сцената симболично и се придружија на Александра петмина гости, тоа беа Дејан Матиќ, Осман Хаџиќ, Маја Беровиќ, Дејан Костиќ и МЦ Стојан.
Пријовиќ е првата пејачка која успеа да распродаде пет загрепски арени по ред и да собере врвни изведувачи на едно место, а покрај претходно споменатите гости, ја поддржаа и најпознатите имиња од регионот: Ацо Пејовиќ, Жељко Самарџиќ, Милица Тодоровиќ, Бојан Васковиќ од бендот Лексингтон, Теа Таировиќ, Јелена Розга и легендарната Лепа Брена.
Александра Пријовиќ секако постави нов стандард. Ова беа пет дена спектакл за кои долго ќе се памети и за кои уште долго ќе се зборува, пишуваат хрватските медиуми.