СТАНДАРД life
Балкан микс

Бадриќ: Ако пак се омажам, може да ме закопаат заедно со тој тип

Нина Бадриќ неодамна пееше на третото издание на Бања Лука Фест, по што даде интервју за ТВ Хајп во кое одговараше на прашања за бракот, нејзината линија и колку е среќна и исполнета на 50 години.

Новинарката во интервјуто и кажала дека луѓето прашуваат кога повторно ќе се мажи Нина Бадриќ, на што пејачката одговорила дека не знае и најдобро е да ги праша тие луѓе кога ќе биде.

-Немам поим дали повторно ќе се мажам. Зошто да се омажам, животот ми е толку убав. Пред само неколку години сфатив некои работи кои ме мачат одамна. Таа среќа навистина зависи од нас, дека не е остварување на животните цели на жената да се омажи, да биде прифатена во општеството. Јас се создадов себеси, јас сум една од оние „само-создадени“ жени. Животот ми е добар, мислам дека нема да бидам лишена ако не се омажам по втор пат. Не дај боже да раскинам втор пат, овој пат кога ќе се омажам да бидам погребана со тој тип. Штом некој згазнал на жар, следниот пат е попаметен – искрено вели Бадриќ.

Навраќајќи се на годините, таа вели дека кога била помлада, жените во педесеттите ги гледала секогаш „како баби“, но од сегашна перспектива е сосема поинаку.

-Претходно сите мои жени во тие години беа баби, се извинувам насебеси и на сите во тие години, но мислев дека се со една нога во гроб. А денес никогаш не сум се чувствувала подобро – изјавила таа во интервју.

Многу се пишуваше за нејзиното слабеење и промена на исхраната, а се споменуваше и дека ослабела околу 20 килограми откако престанала да јаде месо, но пејачката вели дека никогаш во животот ниту се здебелила ниту изгубила 20 килограми.

– Она што ми е интересно е дека од првиот ден од мојата кариера се расчленува мојот изглед и килограмите, би сакала да им се заблагодарам на сите што толку многу се грижат за мојата тежина – вели Нина и додава дека од жените во јавниот живот секогаш се очекува да бидат совршени, а таа секогаш се спротивставувала на тоа.

Своите летни денови Нина ги поминува во Јелса, каде има своја викендица и ужива во друштвото на пријателите, па минатата недела објави фотографија со Горан Вишњиќ, кој исто така со години доаѓа во Јелса.

Поврзани вести

📸 Марија Шерифовиќ доби бебе: Пејачката ги објави првите слики со детето, па ги откри полот и името

Radmila Tasevska

Северина на суд: Не се плашам, пукајте ме во гради

Urednik

Андрија Кузмановиќ доби син со жена со која не е во врска

Urednik