СТАНДАРД life
Шоубиз

Нападнат Чарли Шин! Сосетка се обидела да го задави

Актерот Чарли Шин од прва рака дознал дека е важно кој е вашиот сосед кога 47-годишна упаднала во неговата куќа, пренесува TMZ.

Таа прво го испрскала неговиот автомобил со леплива течност, а потоа оставила ѓубре пред неговата врата и на крајот се обидела да го задави.

Според извештаите, жена непозната за јавноста тропнала на вратата на актерот, а откако тој ја отворил, таа се нафрлила врз него и се обидела да го задави.

Сосетката, во таа прилика, му ја искинала кошулата на актерот, по што таа се вратила во својата куќа.

Шин повикал брза помош, но за среќа не е тешко повреден и не бил пренесен во болница, а полицијата веднаш реагирала.

Според извештаите, споменатата жена ден претходно го испрскала автомобилот на актерот со леплива течност, поради што тој се обидел да разговара со неа, а потоа мислел дека конфликтот е завршен.

Актерот изјавил дека не ја знае причината за сите напади.

Поврзани вести

Стив Мартин наскоро може да се пензионира

Urednik

Принцот Вилијам јавно се пошегува на сметка на својата ќелавост

Urednik

Како ќе се вика принцот Вилијам кога ќе стане крал? „Американците го сакаат поради тоа име“

Radmila Tasevska