СТАНДАРД life
Шоубиз

Излезе најочекуваниот албум на годината

Новиот албум на Тејлор Свифт искочи, нова верзија на албумот 1989 кој сега се нарекува 1989 (верзија на Тејлор). Песните се појавија на стриминг сервисите точно на полноќ по американско време, односно пред неколку часа по средноевропско време и направија хаос на интернет.

Тејлор повторно ги сними сите 16 песни од нејзиниот култен албум и додаде уште пет песни и на тој начин создаде нова верзија на плочата која ја донесе пејачката до врвот на светската слава.

Иако се излезени само пред неколку часа, некои песни собраа повеќе од 200.000 прегледи и пејачката денеска сигурно ќе ги собори рекордите на стриминг сервисот. Најочекуваната песна од албумот е веројатно нејзиниот хит Style во нова верзија. Style (верзија на Тејлор) има собрано речиси 300.000 прегледи на YouTube.

Ова е најочекуваниот албум на годината

Обожавателите на Тејлор Свифт го очекуваа овој албум со месеци (ако не и години) додека го следеа патувањето на американската пејачка да ги врати правата за нејзината музика откако менаџерот Скутер Браун ги продаде за 405 милиони американски долари во 2020 година без нејзина согласност.

Тејлор Свифт е дефинитивно најголемата ѕвезда на планетата, а овој албум е најочекуваното издание на годината.

Поврзани вести

(ФОТО) ПОВТОРНО ШОКИРА: Дамијано Давид како од мајка роден

Urednik

Хелен Мирен го откри трикот кој и помогнал да остане приземјена во Холивуд

Urednik

📽 Канје нападна репортер што праша за Бјанка: „Дали си луда? Јас сум Легенда“

Radmila Tasevska