СТАНДАРД life
Шоубиз

Флоренс Пју откри што се крие зад контроверзниот фустан во кој ги откри градите

Самодовербата доаѓа одвнатре, и токму затоа актерката Флоренс Пју реши да го прифати своето тело за да се чувствува подобро. Таа низ годините работеше на прифаќање на сите аспекти на своето тело, и маани и доблести, а минатото лето покажа дека е подготвена да го разголи своето тело откако се појави со проѕирен розов фустан со јака на модната ревија на Валентино во Рим.

Младата актерка дошла до заклучок дека луѓето се плашат од слободата, од фактот дека жените се удобни и убави во сопственото тело, од што не се срамат. Пју со оваа комбинација на облека сакаше да предизвика реакција кај луѓето кои се исплашени од човечкото тело, но и да привлече внимание на фактот дека женските тела не се создадени само за сексуални погледи.

„За жал, толку сме преплашени од човечкото тело што не можеме ни да ги погледнеме моите две слатки мали брадавици зад ткаенината на несексуален начин. Мораме постојано да ги потсетуваме сите дека има повеќе од една причина зошто постојат женските тела“, коментира таа.

Таа откри дека на 14 години имала проблеми со самодовербата, но денес целосно го прифаќа својот изглед.

„Зборувам онака како што зборувам за моето тело затоа што не се обидувам да го сокријам целулитот на бутот или трнот меѓу раката и градите. Претпочитам сето тоа да го изложам. Мислам дека најстрашно ми се случаите кога луѓето беа вознемирени што покажав „премногу“ од себе“, заклучила таа за Elle.

Поврзани вести

📸 Кортни Кардашијан, Тревис Баркер и нивните јазици на Еми

Radmila Tasevska

📸 Канје Вест ги извади сите заби и ги замени со титаниумска протеза која чини 850.000 евра

Radmila Tasevska

Џенифер Анистон ги откри навиките поради кои изгледа дека не старее

Urednik