За нова музика, младите немаат трпение, концепт и што е најбитно план за нивната иднина. Сакаат преку ноќ да заработуваат онолку колку некој се мачел 15 – 20 години. Без тим, доверба во продуцентите кои работат ќе останат само „кавер“ пеачи кои ќе заработуваат брзо, а ќе траат кратко и ќе бидат како сите останати, велат членовите на групата ДНК во краткото интервју за „Стандард лајф“.
За најновиот синг „посреќна“, кој го снимија со Врчак, велат дека реакцијата е одлична.
-Публиката ја пееше по само 4 дена така да самото тоа покажува дека поминала одлично, велат Андреј и Панчо и додаваат дека од наредното лето ќе настапуваат заедно со Врчаковски.
За нивниот активизам и наградата „13 ноември“ која ја добија за хуманост, од ДНК велат дека ова признание е само мотив повеќе и уште поголема обврска да продолжат во иста насока.
Ја промовиравте „Посреќна“, ја снимавте во Белград. Има ли некаква позадина новата песна и какви се реакциите од фановте досега? На Јутјуб за краток период спотот има речиси неколку илјади прегледи…
– Да, снимена е во Белград, да промениме локација. Реакцијата е одлична, публиката ја пееше по само 4 дена така да самото тоа покажува дека поминала одлично. За прегледите кои се органски (ДНК никогаш не плаќаат адови и прегледи), за само 24 часа имаше над 53 000 прегледи.
Веќе долго време соработувате со Врчак, сега и на новата песна. Чива беше идејата за да се соберете повторно и може ли да очекуваме повторно заеднички настапи во живо?
– Се надеваме дека од наредното лето ќе настапуваме заедно со Раде, а идеја имало од секогаш само беше прашање на време кога ќе се случи дуетот кој воедно нема да биде и последен.
Неодамна ја добивте наградата 13 ноември за хуманост. Какво е чуството да добиете признание за вашата работа?
– Тоа признание е само мотив повеќе и уште поголема обврски да продолжиме во иста насока. И секако било кое признание е добредојдено за секој артист од било која сфера.
Често на вашите социјални мрежи реагирате и на случувањата во земјава кои не погодуваат сите. Сте размислувале ли за поголем ангажман во овој тип на активизам?
– Ќе станам градоначалник на Аеродром по мојата 55-та година…
Има еден тренд кој се случува во последниов период, салите, но и на отворено, да ги полнат пејачи и бендови кои започнувале кај нас во деведесетите, но и на почетокот на новиот милениум. Дарио, Нокаут, Владо Јаневски, ДНК и други пеат пред голема публика. Носталгични ли се Македонците или ова е доказ дека немаме нови артисти кои ќе го преземат приматот?
– Голем простор за нас е Борис, Стадион и Јане Сандански со кои располагаме во моментов. Не само Македонците туку сите се носталгични на некаков начин но ако немаш квалитетна музика не можеш да ги привлечеш луѓето само на емоција или носталгија. За нова музика, младите немаат трпение, концепт и што е најбитно план за нивната иднина. Сакаат преку ноќ да заработуваат онолку колку некој се мачел 15 – 20 години. Без тим, доверба во продуцентите кои работат ќе останат само „кавер“ пеачи кои ќе заработуваат брзо, а ќе траат кратко и ќе бидат како сите останати.
Пред одреден период имаше вирален пост во кој, „сума-сумарум“ велиш дека поддржуваме се што не е македонско (Аца Пејович + албум = Купуваш; Бресквица + Настап = Купуваш…Македонски артист = Не го поддржуваш;Македонски спортист = Не го поддржуваш) Како да го промениме овој наш пристап, каде е проблемот, по твое мислење?
– Никако, просто е невозможно, шансите се 1%. Едноставно сме родени со тој само-уништувачки синдром.
Каде ќе можат фановите да ве слушаат за Нова година?