За сите оние кои сакаат да уживаат во чаша добро вино, во земјава повеќе од една година е достапна избрана колекција на француски и италијански вина, секое уникатно на свој начин, кои ги задоволуваат преференциите и на најпребирливите љубители на вино.
Без разлика дали сте искусен ентузијаст за вино или нов во светот на фините вина, во оваа селекција на бели, розе, црвени и пенливи вина со сигурност можете да го најдете вашиот совршен вкус.
Во пресрет на празниците овие вина со нивната уникатност во сите аспекти се одлична идеја и за подарок, како и вистински избор за секоја пригода поради исклучително достапните цени и одличната рамнотежа на квалитет, наспроти цената, кои ги имаат.
Извонредноста на француската Peyrassol винарија е раскажана во секоја капка на елегантното Chateau Peyrassol и симпатичниот Peyrassol La Croix како ценовно подостапна верзија на овој уникатен вкус.
Од колекцијата на пенливо италијанско Valdo може да изберете помеѓу бело пенливо Valdobbiadene и таканаречениот розов рај на Valdo Paradise, вино кое поради уникатната амбалажа која ја има, дополнително е и совршен избор за подарок. Сите овие вина, вклучително и Valdo Paradise е достапно во продажба во Wineberry Bistro & Shop.
Италијанските Rocca вина одговораат за сите љубители на класичното вино кои може да уживаат во лесниот вкус на нежното бело вино – Pinot Grigio delle Venezie или ароматичниот и хармоничен вкус на црвеното – Montepulciano d’Abruzzo Rocca вино.
Врвот на елегантноста во оваа колекција го достигнуваат италијанските La Scolca – Gavi dei Gavi, вина кои во себе ја содржат целата префинетост на регионот од кој потекнуваат. Оние кои го пробале велат дека е вкусот кој не може да го заборават, а посебен печат на оваа колекција дава La Scolca – Gold Edition виното чија амбалажа дава дополнителен допир на престиж и го издвојува ова уникатно вино од сите останати. La Scolca Gold виното е изборот кој треба да го направите доколку сакате себе да си дозволите посебно задоволство или некому да подарите мало парче достапен луксуз.
Како и досега, овие вина можете да ги најдете во малопродажба во Wineberry Bistro & Shop, но и како дел од менито на повеќе ресторани во Скопје. Овластен дистрибутер на овие вина во земјата е фирмата Alchemist, а овие вина преку Alchemist, достапни се и на пазарот во Хрватска и Турција каде веќе уживаат препознатливост и ги крадат симпатиите на винската публика во овие земји.