СТАНДАРД life
Балкан микс

Прво огласување на Ѓорѓе Давид на социјалните мрежи по несреќата: Откри чија поддршка многу му значи

Рокерот и член на жирито на „Ѕвезда Гранда“, Ѓорѓе Давид минува низ тежок период откако минатиот викенд имаше сообраќајна несреќа во нашата држава во која налета на жена која се движеше по автопат и ја усмрти.

Сега рокерот за прв пат по трагедијата се огласи на социјалните мрежи и сподели порака што му ја испратила млада пејачка на која музичарот и е ментор на музичкиот натпревар.

„Ја испраќам сета моја љубов и поддршка до мојот ментор, човек кој безброј пати ја покажал својата хуманост и човечка големина. Навистина ми е жал што минува низ толку мрачно време, но неговото срце и душа се толку искрени. Сакам да изразам сочувство до семејството на загинатиот во овој трагичен настан. Господ да им даде сила да ги пребродат овие тешки денови“, се вели во објавата, а Ѓорѓе и се заблагодарил: „Ти благодарам сине мој“.

Да потсетиме рокерот не може да ја напушти државата и му се одземени документите.

„По предлог на Основното јавно обвинителство Куманово, на странски државјанин кој учествувал во тешка сообраќајна незгода кај Табановце изречени се мерки за претпазливост – привремено одземање на патни и други исправи (лична карта и возачка дозвола) за преминување на државната граница и обврска за пријавување во Судот“, информира Државното обвинителство Скопје.

Поврзани вести

📷Девојката на Милош Биковиќ одбројува до породувањето

Urednik

Се појави фотографија од Бајага и неговата нова девојка

Urednik

Наташа Шавија тврди дека Кариќ претепал и друга девојка: Се заканува и со видео

Radmila Tasevska