СТАНДАРД life
Балкан микс

Петиција за забрана на Дино Мерлин да одржува концерти во Србија

Дино Мерлин закажа четири концерти по ред во Белград за во ноември. Интересот е голем, а билетите за нив беа веднаш распродадени.

Но во Србија има и такви на кои им пречи музиката на Дино Мерлин, па на социјалните мрежи се појави петиција со која се бара да му се забрани на босанскиот изведувач да одржува концерти.

Фотографијата на Дино со натпис „Непосакуван“ и неговите изјави кои наводно шират говор на омраза, а кои никогаш не се потврдени, се достапни на веб-страницата peticia.online.

Дино Мерлин во неколку наврати негираше многу од наводите и изјавите што му се припишуваат.

„Никогаш не сум рекол дека мразам некого. Тој глагол не постои кај мене. Тоа е ноторна невистина. Толку многу што се пишуваше за мене сите овие години е целосно измислено”, изјавил Мерлин во 2011 година на ТВ Прва пред првиот концерт во Србија.

Од 27 јули до денеска на петицијата се потпишале 21.763 лица.

Поврзани вести

„Се срамев“: Сандра Африка откри како го добила прекарот

Radmila Tasevska

„Бајага и инструктори“ завршија во учебниците за четврта година гимназија: Еве на која нивна песна учениците ќе учат да свират (ФОТО)

Radmila Tasevska

„Фрајле“ ја обвинија поранешната менаџерка за злоупотреба: „Тоа низ што поминувавме го има само на филм“

Urednik