СТАНДАРД life
Балкан микс

📽 Киев го обвини Милош Биковиќ дека поддржува геноцид и насилство

Украинското Министерство за надворешни работи се огласи по веста дека Милош Биковиќ ќе игра во третата сезона на серијата „White Lotus“.

Српски актер со завидна кариера и во Русија постигна голем успех, па ќе се појави во третата сезона од популарната серија на HBO „White Lotus“, која предизвика коментари и во Украина.

„Милош Биковиќ, српски актер кој ја поддржува Русија од почетокот на целосната инвазија, сега ќе глуми во третата сезона на „White Lotus“ на HBO“, објави украинското министерство на Твитер.

Во споменатата публикација има и снимки од Биковиќ со различни реплики во филмови, изјави за Русија, но и награди кои ги добивал во Србија и Русија.

„Дали е во ред да работите со личност која поддржува геноцид и го крши меѓународното право“, е прашањето што Украинците го испратија до платформата HBO.

Поврзани вести

🎥Познат српски актер откри дека 20 години бил зависник од хероин: „Ме спасија колегите“

Urednik

Милош Биковиќ во Берово, има време и за фотографии со фанови

Urednik

Вака изгледала Северина пред точно 30 години (ФОТО)

Radmila Tasevska