СТАНДАРД life
Балкан микс

Ѓорѓе Давид, официјално, ја напушти Македонија

Српската музичка ѕвезда Ѓорѓе Давид официјално ја напушти Македонија, откако доби одобрение од судските институции. По напуштање на земјава, Давид закажа конференција за печат за српските медиуми во текот на утрешниот ден.

„Ѓорѓе замина за Србија. Ги помина сите процедурални барања од нашите надлежни институции и во текот на вчерашниот ден доби дозвола да ја напушти Македонија. Тој, како и досега, е достапен на нашите органи и ќе се јавува во судот во Куманово еднаш месечно. За се што има да каже во однос на ситуацијата, да го почекаме утрешниот ден и нашите медиуми ќе ги добијат сите релевантни и официјални информации од Ѓорѓе“, вели Вера Мештеровиќ, менаџер на Ѓорѓе Давид за Македонија.

Поврзани вести

На Џани му се слошило на сред настап, па завршил во болница: Се огласи неговата сопруга

Radmila Tasevska

Денеска е роден Оливер Драгојевиќ: Во последната порака кажа што е најважно во животот

Urednik

Ана Николиќ пред да почне да пее се занимавала со овој бизнис: „Заработив две-три плати на мајка ми и татко ми“

Radmila Tasevska