СТАНДАРД life
Шоубиз

Некој го хакирал X профилот на Метју Пери

Профилот на починатиот американски актер Метју Пери е мета на хакери. Целта на хакерскиот напад се чини дека била фондацијата, која е основана во чест на ѕвездата на „Пријатели“, како врска за донација, прикажана на врвот на страницата на социјалната мрежа, која ги пренасочувала донаторите на лажна страница која собира донации преку криптовалути, пишува „Скај њуз“.

Профилот на Инстаграм на Фондацијата Метју Пери објави: „Известени сме дека официјалната Икс страница на Метју е хакирана и ги пренасочува корисниците на лажна страница која собира донации преку криптовалути.

Ве молиме не донирајте преку оваа страница и не споделувајте лажни објави на социјалните мрежи. Единствената веб-страница поврзана со Фондацијата е ’MatthewPerryFoundation.org‘, што значи дека донации добиваме само преку неа“.

„Ова е единствениот официјален профил на Фондацијата Метју Пери на Инстаграм и ние објавуваме само официјални информации. Затоа, пријавете ги лажните сметки и не испраќајте донации преку кој било друг канал освен MatthewPerryFoundation.org. #MatthewPerry“, се предупредува.

Во декември, смртта на Пери беше прогласена за несреќен случај поради „акутен ефект од потрошувачката на кетамин“. Актерот, најпознат по улогата на Чендлер Бинг во хит американската комедија Пријатели, беше пронајден мртов во својот стан на 28 октомври.

Поврзани вести

Џулија Робертс откри зошто никогаш не се согласила да се соблече пред камерите

Urednik

Ѕвездата на „Опенхајмер“: „Ми рекоа дека морам да ослабам ако сакам да успеам како актерка…“

Urednik

Мила Кунис и Ештон Качер ја издаваат својата куќа на плажа, еве како изгледа

Urednik