СТАНДАРД life
Шоубиз

Дали Свифт повторно ќе го поддржи Бајден на изборите? Тој вели дека тоа е „доверливо“

Претседател на САД, Џо Бајден, гостин во емисијата на телевизиската мрежа NBC News во понеделникот вечерта, зборуваше за „теориите на заговор“ поврзани со него и поп-ѕвездата Тејлор Свифт и подготвено одговори на прашањето дали пејачката ќе го поддржи на изборите во 2024 година, велејќи дека „тоа е доверливи информации “.

Во емисијата „Late Night with Seth Meyers“ во понеделникот вечета по локално време, 81-годишниот Бајден разговараше со комичарот и водител Мејерс за шпекулациите дека претседателот и пејачката се „во дослух“.

Мејерс рече дека неодамнешната анкета покажала дека 18 отсто од Американците веруваат дека Бајден и Свифт соработуваат.

„Дали можете да потврдите или негирате дека постои активен заговор меѓу вас и г-ѓа Свифт?“, го праша Мејерс претседателот Бајден.

„Од каде ја добивте таа информација?“, одговорил претседателот смеејќи се. „Тоа е доверливо“, додаде.

Се смета дека огромната популарност на Свифт меѓу младите значително би придонела за популарноста на претседателот во периодот на трката за реизбор во 2024 година, откако го поддржа Бајден во кампањата за изборите во 2020 година.

„Дали мислите дека тоа би можело да се повтори?“ праша Мејерс. Но, Бајден со насмевка одговори: „Ви реков, тоа се класифицирани информации“.

Настапот на Бајден во шоуто се смета за негов последен обид да се поврзе со помладите гласачи и да ја отфрли загриженоста за неговата напредна возраст, откако извештајот на специјалниот советник покрена прашања за неговата меморија и ментална јасност.

Поврзани вести

„Не знаев кој е Роберт де Ниро“: Рис Витерспун искрено за почетоците на кариерата

Radmila Tasevska

Клуни: Нема доволно дрога на светот за да ме натера повторно да го играм „Бетмен“

Urednik

📷Тејлор Свифт го помина Божиќ на НФЛ натпревар

Urednik