13.8 C
Скопје
16 септември, 2024
СТАНДАРД life
МК Сцена

Лара објави серијал од четири песни и четири видео записи

За првпат во историјата на македонската поп музика се објави серијал од четири песни и четири видео записи, според најсовремени, светски стандарди. Зад овој голем музички проект се потпишува единствената Лара Иванова и како артист и како дел од авторскиот тим.

Само Лага, Ризик, Токсин и Таму Горе се песните кои ќе се објавија денеска и кои со сигурност ќе остават длабоки траги во македонскиот музички етер и ќе бидат со трајна музичка вредност.

Публиката веќе подолг период со нетрпение го очекуваше датумот на објавување на песните, а од денеска сите имаат можност да уживаат во новиот звук и ексклузивните видео записи, на YouTube каналот на Лара Иванова.

Сите песни ги поврзуваме слична љубовна тематика, со силна емоција, но различен ритам.

За Лара Иванова ова е најголемиот предизвик кој досега го имала во нејзината музичка кариера, но и најголемо остварување како автор. За сето ова особено им се заблагодарува на сите соработници, кои го вложиле секој нивен атом на енергија, љубов и поддршка.

Во тимот за видеопродукцијата се вбројуваат десетина професионалци, односно Били Д., Даниела Радевска, Милан Богдановски, Тоше Данев, Стефан Трпчевски, Филип Димитриевски и Дарко Ѓоргиев.

Автори и продуценти на песните се Дарко Димитров, Роберт Билбилов, Лазар Цветковски, Панче Касапски и Робин Зимбаков, кои секоја песна ја издигнуваат на ниво погоре и создаваат музички ремек дела.

Македонската публика заслужува артисти како Лара Иванова, кои со неисцрпна посветеност се вложуваат за домашната музичка сцена. Со денешното објавување на Само Лага, Ризик, Токсин и Таму Горе се означува почетокот на новата ера во македонската поп музика. Затоа, веднаш посетете го YouTube каналот на Лара Иванова и препуштете се на најдоброто аудио-визуелно искуство.

Поврзани вести

(ВИДЕО) Над две илјади луѓе пееја заедно со Сале Певац

Urednik

„Црвена во лицето и отечена“: Тијана Дапчевиќ им се обрати на фановите од ординација (ФОТО)

Radmila Tasevska

Концерт на легендарниот српски рапер Марчело во МКЦ

Radmila Tasevska