СТАНДАРД life
МК Сцена

Вчера се снимаше седмата епизода од адреналинското шоу ТРИУМФ

Многу адреналин, неверојатна динамика и возбудливи предизвици кои никого не оставаат рамнодушен. Адреналинското шоу ТРИУМФ.

Публиката го препознава и го цени вложениот труд и освежувањето што ТРИУМФ го носи за домашната продукција. Натпреварувачите се соочуваат со екстремни услови и во секој момент ги тестираат границите на својата физичка и ментална издржливост, а водителите Димитар Атанасовски, Петар Младенов и Стефан Лазаров безрезервно им ја даваат потребната поддршка и мотивација, што дополнително го задржува вниманието на гледачите.

Локациите за секоја нова епизода се внимателно одбрани, во зависност од предизвиците и адреналинот кој треба да се пренесе пред малите екрани. За таа цел,  последните две епизоди се снимени надвор од Скопје, односно во Охрид и Маврово, што ја покажува истрајноста и доследноста на целиот тим кој стои зад ТРИУМФ.

Во првата сезона ќе се натпреваруваат вкупно 15 Општини, односно Куманово, Новаци, Прилеп, Кисела Вода, Крива Паланка, Илиден, Неготино, Гази Баба, Аеродром, Штип, Битола, Охрид, Пехчево, Гевгелија и Петровец. Само една од општините ќе биде победник и ќе добие голема парична награда.

Иако секој од натпреварувачите цели кон победа, во текот на снимањата владее одличен тимски дух и сите учесници од секоја Општина создаваат незаборавни сеќавања, а ТРИУМФ станува сѐ поголемо адреналинско семејство.

Како и досега, така и во денешното издание на ТРИУМФ ве очекуваат многу адреналиски и екстремни предизвици кои натпреварувачите ќе мора да ги исполнат во рекордно време. Не ја пропуштајте најновата епизода и бидете дел од ТРИУМФ публиката, која соборува рекорди на гледаност.

Поврзани вести

📽 Македонија организатор на Светското првенство во хип хоп 2024

Urednik

Премиера на претставата „12″ – претставата е посветена на Мирко Попов

Urednik

Мила Србиноска со бронзен медал на Европското првенство во хип хоп

Urednik