СТАНДАРД life
МК Сцена

Заврши снимањето на дебитансткиот краткометражен игран филм „Нова Енергија“ , во режија и сценарио на Сара Климоска

Успешно заврши снимањето на краткометражниот филм „Нова Енергија”, кој е во режија и по сценарио на Сара Климоска и ко-режисер Радован Петровиќ, а во продукција на NEST Продукција  на продуцентот Јорданчо Петковски. 

„Нова Енергија“ ја следи приказната на две најдобри другарки кои низ взаемна емотивна и практична поддршка успеваат да создадат нов заеднички живот бегајќи од токсичноста на нивните партнери.

Ова е филм кои создава две хероини и преку нив ја слави женската исклучителна и некршлива конекција и нуди свежа перспектива за женските односи која ретко се видени во секојдневните медиуми.   

Главните улоги во филмот се Сара Климоска и Тамара Ристоска, а во филмот играат и Зоран Љутков, Александар Стоименовски, Мирјана Трпковска Костовска и Елена Сековска. 

Директорката на фотографија, Бојана Андриќ е една од најзначајните личности во Србија во областа на кинематографијата, позната по својата работа на многу успешни филмови како и потпретседателка на светската асоцијација на сниматели ИМАГО. 

Филмската екипа брои и талентирани автори како Горан Игњатовски (маскер), Михаил Панев (сценограф), Розе Трајчевска (костимограф).

„Нова Енергија“ е независен филм реализиран благодарение на приватни донации и компании пријатели на филмот. Копродуценти се Вижн Тим – Vision Team и Филмоскопија од Србија, JES Продукција и Контраст филм од Скопје, а главни спонзори се Винарија Тиквеш, Спорт Лаб и Монозеро.

По завршувањето на постпродукцијата, филмот „Нова Енергија” ќе започне со прикажувања на домашни и меѓународни филмски фестивали, а подоцна ќе биде достапен и за пошироката публика.

Поврзани вести

Тамара Тодевска носи „Торнадо“! Пејачката откри детали (ВИДЕО)

Urednik

Копродукција помеѓу Србија, Хрватска и Македонија: Започна снимањето на филмот „Соучесници“

Urednik

Сале Певац одбележува јубилеј: 25 години богата музичка кариера

Urednik