СТАНДАРД life
МК Сцена

Урбан ФМ радио со предновогодишна кампања – месец на подароци, желби и интеракција со слушателите

Изминатиот месец на фреквенцијата на Урбан ФМ радио (90,8 MHz) помина во знакот на интеракција, подароци и директна комуникација со слушателите. Под слоганот „Манифестирај гласно. Слушни го звукот на новогодишните желби“, радиото реализираше интензивна кампања која цел месец ја збогати програмата и предизвика исклучително голем интерес и активност кај публиката.

Секојдневно, слушателите се вклучуваа преку пораки, јавувања и дигитални канали, создавајќи жива и динамична атмосфера во етерот. Во кампањата беа вклучени повеќе од 30 брендови, а во текот на месецот беа доделени повеќе од 100 подароци, распределени во сите емисии. Високото ниво на интеракција уште еднаш ја потврди позицијата на Урбан ФМ како радио што гради заедница и нуди реална додадена вредност и за слушателите и за партнерските брендови.

Кампањата „Манифестирај гласно. Слушни го звукот на новогодишните желби“ дополнително ја зацврсти врската меѓу радиото и неговата лојална публика и уште еднаш ја потврди улогата на Урбан ФМ како радио што не претставува само музички медиум, туку активна урбана платформа што постојано комуницира со својата заедница и знае да возврати со вистинска вредност. На симболичен начин, радиото исполнуваше желби и наградуваше верни слушатели кои секојдневно ја поддржуваат македонската музика и домашната урбана сцена.

Паралелно со празничната кампања, радиото продолжува со освежена и динамична програмска шема. Утринската емисија „Скопје се буди“, која секој работен ден од 8 до 11 часот ја води Марко Новески, донесе нов ритам и позитивна енергија во утринскиот етер, пладневната емисија „Урбан Бла Бла“ со целосно женска водителска постава внесе свежина, различни перспективи и младешка динамика, додека емисијата „Урбан Драјв“ на Марко Марк што се емитува секој работен ден од 15:00 до 17:00 часот, го заокружува дневниот програмски блок со урбана музика, опуштен ритам и идеална атмосфера за попладневното градско движење.

Како дел од својот современ медиумски пристап, Урбан ФМ паралелно ги развива и дигиталните канали, овозможувајќи содржините да бидат достапни и надвор од класичниот радио-етер – преку социјалните мрежи, видео-формати и онлајн платформи. На овој начин, радиото останува блиску до младата публика и ја следи динамиката на модерните медиумски навики.

Со силна интеракција, современ пристап и автентична комуникација со публиката, Урбан ФМ радио во предновогодишниот период се позиционира како релевантен, урбан и препознатлив медиум на македонската радио-сцена.

Поврзани вести

📽 Излезе новата и последна песна на Тоше Проески

Radmila Tasevska

„Мајка“ на Теона Стругар Митевска ќе се прикажува во 230 киносали во Франција

Urednik

MIYATTA со нов сингл ,,Добра ноќ, Добар ден“ (ВИДЕО)

Radmila Tasevska