СТАНДАРД life
МК Сцена

📹Оловен војник – нов сингл на Милко

Скопскиот инди-рок бенд Милко го претстави својот нов сингл наречен Оловен војник.

Втората објава по минатомесечниот „Тажен понеделник“, ни ги носи Милко во исклучително игриво издание.

Се работи за песна во која се гледа големото искуство на бендот, надополнето со модерен, свеж музички израз и звук. Несомнено, потенцијален есенски раздвижувач во етерот.

Песната е авторско дело на Сашо Митревски. Снимена е во студио Алшар, продуцент – Ивица Јанкуловски.

Милко по пет години пауза ќе одржат концерт на 6 ноември во Котур.

Поврзани вести

Скопски моден фестивал обедини познати македонски и балкански дизајнери

Urednik

Детали за апсењето на Аца Лукас во Кавадарци: Зошто српскиот фолкер бил приведен и колкава парична казна платил

Urednik

🎥Agents of Time, Meduza, Layla Benitez, Senidah и многу други на Get EXITed во Струмица

Urednik