СТАНДАРД life
МК Сцена

„Јон Вардар против галаксијата“ во петок доаѓа во киносалите

Првиот македонски долгометражен анимиран филм, „Јон Вардар против галаксијата” ја почнува својата кино авантура.

Од 1 ноември, петок, филмот ќе почне да се прикажува во „Синеплекс” и во „Киноверзум” а наскоро доаѓа и во другите градови низ Македонија.

„Јон Вардар против галаксијата” е хумористична приказна за еден натпросечно потпросечен човек, еден нарцисоиден робот и многу вонземјани кои се на мисија да ја спасат галаксијата од самите себеси.

Режијата е на Гоце Цветановски, арт директор е Михајло Димитриевски – Тхе Мичо, а директор на анимација е Димитар Ѓоргиев. Продуценти на филмот се Алан Кастиљо, Ева Конрад, Браќа Калинови и Ладо Шкорин. Во главните улоги настапуваат Жарко Димоски, Дамјан Цветановски и Емилија Мицевска. Другите улоги ги толкуваат Филип Трајковиќ, Тони Денковски, Атанас Атанасовски, Слаѓана Вујошевиќ, Мартин Ѓоргоски, Елена Тарчуговска и Бојана Тосковска.

Филмот кој е најголемиот анимациски копродукциски проект на Балканот, е изработен со финансиска поддршка од Агенцијата за филм на Северна Македонија, а има копродукции во Унгарија, Бугарија и Хрватска.

„Јон Вардар против галаксијата” досега беше прикажан на фестивалите „Ситџес” во Шпанија, „Киненова” во Македонија и „Мостра Сао Паоло” во Бразил.

Билетите во „Синеплекс” се пуштени во продажба.

Поврзани вести

Флипбук Филм Фестивал 2024: Најдобар филм во главната селекција за „Три птици“ на Зарја Менарт

Urednik

📽„Ептен Љубовна“ – свежо музичко остварување со видеоспот, во изведба на Игор Џамбазов и Sarah Mace & The Girlzz

Urednik

🎥Yon Idy нѝ го откри својот нов сингл „Blood Red”

Urednik