СТАНДАРД life
Фото: Принтскрин/Инстаграм
МК СценаШоубиз

(Фото+видео) Македонецот Мајкл Дамески е танчарот што падна на концертот на Лејди Гага во Сиднеј!

Лејди Гага беше принудена да го прекине концертот во Сиднеј во саботата, откако еден од нејзините танчари се лизна и падна од сцената поради силниот дожд.

– Застанете! Застанете! Штотуку имавме несреќа на сцената – извикала пејачката додека танчарот паѓал и се лизгал од сцената.

 

 

 

Инаку, танчарот што паднал од сцената е Мајкл Дамески – австралиски танчар со потекло од Македонија. Роден е во Сиднеј, а неговите родители потекнуваат од Прилеп.

Тој е извонреден во својата работа, а уште од шестгодишна возраст ја започнал танцувачката кариера, кога се пријавил во австралиско шоу за танцување.

Во 2018 година тој ја воодушеви латино дивата Џенифер Лопез со својот танц на „Свет на танцот“ (World of Dance), каде освои второ место, а таа за него упати многу пофални зборови.

Уште тогаш му предвидуваа блескава кариера, а сега во светот на танцот се зборува наголемо за него.

Во февруари 2025 тој ја доби главната машка улога во спотот на Лејди Гага за песната „Abracadabra“ и притоа воодушевено напиша: „Кога сонот ќе стане реалност“.

 


Во текот на подготовките на спотот, Лејди Гага објави видео од зад сцената како танцува со Дамески и напиша:

„Зад сцените на АBRACADABRА со прекрасниот Мајкл Дамески. Вежбав со недели за ова видео. Очекувајте уште…“

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lady Gaga (@ladygaga)

Поврзани вести

(Видео) И покрај бојкотот и протестите, Израел го праќа овој пејач на Евровизија

Urednik

Пике и Клара Чиа го започнаа заедничкиот живот во куќата во која живеел со Шакира

Urednik

Шварценегер приведен на царина во Минхен: Платил казна од 35.000 евра за часовник од 20.000

Radmila Tasevska