СТАНДАРД life
МК Сцена

Денеска се одржува музичкиот фестивал Андерфест

Музичкиот фестивал Андерфест ќе се одржи денеска со почеток од 20:00часот во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје. Публиката и овој пат ќе има можност да ужива во музиката од претежно алтернативната и рок енд рол сцена од нашата држава.

За шестиот Андерфест организаторите најавија шест добро познати бендови кои ќе ја размрдаат публиката во Денсинг салата на МКЦ. На Андерфест 6 ќе настапат: Миа Перевска, Стефан Петановски, Basement Cult, The Mole Pack, Fiction, и Foolish Green.

Еден од врвните приоритети на фестивалот сеуште е да ги мотивира младите уметници да продолжат да креираат нови музички дела со кои ќе ги покажат своите големи таленти и вештини и воедно ќе ја промовираат нашата музичка култура и вон границите на нашата држава.

Поврзани вести

Дина Јашари со настапи на четири фестивали во Хрватска

Urednik

(Фото) Дани Димитровска на гости кај синот во Холандија, насекаде се чувствува празничната магија

Urednik

Ламбе и Врчак по многу години повторно заедно: Го отпеаја нивниот хит

Radmila Tasevska