СТАНДАРД life
Некатегоризирано

Аеродром и Џевахир Мол Скопје со концерт ќе ја испратат 2024 на 21 декември

Аеродром и оваа година традиционално го организира предновогодишниот музички спектакл под мотото „Аеродром пулсира vol.3”! На 21 декември, со почеток во 18:30 часот, во трговскиот центар Џевахир Мол Скопје, ве очекува вечер исполнета со музика, емоции и забава.

Годината во која Џевахир Мол од сон стана реалност заслужува да биде испратена на најдобар можен начин – со настапи на најголемите ѕвезди од македонската музичка сцена. Сите љубители на музиката ќе имаат можност да уживаат во незаборавен музички спектакл кој ќе ги разигра срцата и ќе создаде спомени за паметење.

Вечерта ќе ја отворат Игор Џамбазов и Гуру Харе, чии хитови со години се дел од срцата на многу генерации. Потоа ќе настапи Тони Зен, ѕвездата на македонската рап музика, кој ќе ја исполни сцената со моќна енергија, по што младата публика ќе ја освојат Пајак и Лара, чии модерни хитови редовно ги освојуваат топ-листите.

Кулминацијата на вечерта ќе ја направи Каролина Гочева со нејзините незаборавни песни, кои ќе ги разнежнат срцата на сите присутни.

Оваа година ја испраќаме со уникатна и разновидна музичка програма што ќе ги задоволи сите вкусови и музички стилови. Овој концерт е за сите кои сакаат да ја заокружат 2024 со магична музичка вечер.

Ве покануваме да пеете, танцувате и да пулсирате заедно со вашите омилени артисти. Да пулсираме уште еднаш заедно и да ја испратиме 2024 со многу забава, радост и позитивни вибрации!

Поврзани вести

Што треба да знаеме за методот балирање на отпадот?

Влатко Зорба

Бектеши: Трговските центри да работат и во недела

Влатко Зорба

Николовски: Корупцијата и криминалот не познаваат граници, мора да бидеме единствени во заложбите

Влатко Зорба