СТАНДАРД life
МК Сцена

Премиера на претставата „Лов на дива свиња“ во МНТ

Во Македонскиот народен театар на малата сцена на 19 јули со почеток во 20:30 часот, во рамки на фестивалот „Скопско лето” ќе се одигра премиерата на претставата „Лов на дива свиња” од црногорската современа писателка Марија Сарап, а во режија на Наташа Поплавска.

По потпишувањето на меморандумот за соработка, претставата ќе се реализира во копродукција помеѓу Македонскиот народен театар, Градското позориште од Подгорица и Здружението за развивање на уметност и културна соработка „Арт Медиа” од Скопје.

Во претставата учествува актерска екипа од двете земји: Ана Стојановска, Искра Ветерова – Славенска и Мина Јелушиќ-Јериниќ од Македонија, како и Ѓоргије Татиќ и Вукан Пејовиќ од Црна Гора.

Премиерната изведба во Подгорица, Црна Гора, е планирана за септември. Претставата е дел од Националната програма за култура за 2025 година и финансиски е поддржана од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија и од Градот Подгорица, Црна Гора.

Поврзани вести

Котевска е првиот автор од Македонија поканета на ексклузивен настан во рамките на Фестивалот во Венеција – La Biennale di Venezia

Urednik

Дванаесетчасовен мултимедијален фестивал „Хаус оф Три“ во центарот на Скопје

Urednik

🎥Agents of Time, Meduza, Layla Benitez, Senidah и многу други на Get EXITed во Струмица

Urednik