СТАНДАРД life
Балкан микс

📸Беквалац одговори на лавината коментари за нејзиниот изглед: „Ние не сме само гради и задници“

Видео од неодамнешниот настап на Наташа Беквалац на кое таа беше во фустан без градник предизвика лавина коментари и реакции, а пејачката реши да одговори на својот Инстаграм профил.

Имено, многу луѓе забележаа дека пејачката ги намалила градите – односно ја откажа претходната естетска операција за зголемување – поради што беше предмет на лавина коментари, претежно негативни.

Наташа реши да одговори и рече: „И вака 25 години, со вас ги поминувам сите фази од мојот живот, секој пад, секој успех, дефекти и бродоломи и повторно станување“.

Таа откри дека зад себе имала тежок период: „Поминав низ период кој не беше лесен и решив да го поминам сама и во тишина. Ви благодарам за вашите прекрасни пораки и за грижата, со вас секогаш се чувствував безбедно и сигурно. Сега сум одлично, се чувствувам добро, силно, стабилно“.

„Драги мои жени, ние не сме нашите гради, задници, коса, кожа – ние сме енергија, вибрации, љубов и сè што нè доведе до тоа да бидеме жените што сме денес. Ослободете се од сè што повеќе не е ваше, фрлете сè што ве стега и боли. Јас го направив тоа. Се подготвувам за нова фаза од мојот живот и едвај чекам да го чуете тоа. Растеме заедно. Со љубов и почит, вашата Наташа“, сподели Наташа.

Порано, таа призна дека се каела за споменатата естетска процедура: „Направив операција на градите и се покајав. Да имав временска машина, никогаш не би го направила тоа, би останала природна. Секогаш има некои компликации секогаш кога има естетска операција“.

Поврзани вести

Теодора Џехверовиќ позира во провокативна долна облека

Radmila Tasevska

Нина Бадриќ откри што искрено мисли за Пријовиќ и нејзиниот успех во Хрватска

Urednik

Цеца проговори за свадбата на Анастасија и Гудељ!

Urednik