СТАНДАРД life
Фото: Фејсбук/Официјален профил на Џими Кимел
Шоубиз

Шоуто на комичарот Џими Кимел се враќа во етерот

Шоуто на комичарот Џими Кимел се враќа во етерот откако беше привремено суспендирано минатата недела, предизвикувајќи голема дебата за слободата на говорот во Соединетите Американски Држави и притисокот што го врши администрацијата на претседателот Доналд Трамп врз медиумите, објавија светските агенции. Веста за враќањето на шоуто ја објави Дизни, кој е сопственик на ABC, на кој се емитува шоуто.

„Последните неколку дена ги поминавме во длабоки разговори со Џими, и по тие дискусии, донесовме одлука да го обновиме денес“, се вели во соопштението на Дизни.

ABC минатата среда објави дека го суспендира на неодредено време Кимел, кој е меѓу критичарите на Доналд Трамп.

Непосредно пред да се донесе оваа одлука, Кимел ја обвини американската десница дека го експлоатира убиството на про-Трамп инфлуенсерот и поткастер Чарли Кирк за политички цели. Коментарите на Кимел предизвикаа гнев кај Брендан Кар, раководител на Американскиот радиодифузен орган, кој го нарече однесувањето на Кимел скандалозно и се закани дека ќе ги одземе лиценците на медиумите што ја емитуваат неговата програма.

Кимел ја налути десницата кога рече дека убиецот на Чарли Кирк, Тајлер Робинсон, потекнува од републиканско семејство и кога сугерираше дека Робинсон го мотивирал своето злосторство со омразата што ја всадил Кирк.

Во соопштението, Дизни рече дека одлуката за привремено суспендирање на шоуто на Кимел е донесена за да се избегне влошување на напнатата ситуација во емотивен момент за земјата.

Поврзани вести

📽️📷Синот на Вил Смит е новиот креативен директор на Christian Louboutin

Urednik

Принцот Хари мора да му плати на Дејли Мејл 56.000 евра судски трошоци

Radmila Tasevska

Сем Смит и Кристијан Кован раскинаа

Radmila Tasevska