СТАНДАРД life
Фото: Јутјуб/Принтскрин
Шоубиз

Уапсени бугарски полицајци кои барале мито од возачите на Роби Вилијамс

Двајца вработени во Извршната агенција „Автомобилска администрација“ биле приведени во операција на СДВР поради барање поткуп од четири возачи на камиони кои ја превезувале опремата на британската поп-ѕвезда Роби Вилијамс за неговиот концерт во Софија, кој се одржа синоќа.

Ова се случило на крајот од минатата недела, јавува Бугарското национално радио (БНР). Четирите камиони биле запрени при влегувањето во главниот град од страна на екипа на ИААА.

Во моментов не е јасно колкав бил износот на митото.

Возачите поднеле пријави до СДВР, а во саботата оние што побарале мито се приведени.

Се очекува полицијата и обвинителството да дадат детали за случајот подоцна денес.

Поврзани вести

„Тој сака деца, таа не“: Мараја Кери раскина со 14 години помладиот танчер

Urednik

Ким Катрал откри зошто се врати во улогата на Саманта во And Just Like That…

Urednik

Никол Кидман аплицирала за престој во Португалија без сопругот Кит Урбан

Urednik