СТАНДАРД life
МК Сцена

Најавено седмото издание на „Андерфест” – рок, дух и автентична сцена

„Андерфест”, еден од најпрепознатливите алтернативни рок фестивали кај нас, ја најавѝ програмата за своето седмо издание! Настанот ќе се одржи во петок на 7 ноември во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје, а и ова издание ветува вечер исполнета со моќна енергија, автентична музика и врвни настапи.

„Андерфест” со годините изгради статус на фестивал што ги спојува најдобрите имиња од домашната алтернативна сцена, создавајќи уникатно музичко искуство за сите љубители на рокот и неговите поджанрови.

Оваа година, публиката ќе има можност да ги чуе и види LOST IN REVERIE, АУДИОЦИГЛА, ДИМИШ, ЗАНАДУ, ДЕМЕНСИ, ГОЛЕМАТА ВОДА и НОВИОТ ПОЧЕТОК – бендови кои носат свеж звук, различни емоции и препознатлив сценски настап.

Организаторите најавуваат уште повисоко ниво на продукција, динамична атмосфера и простор каде што ќе се слави вистинскиот дух на независната музичка сцена. За многумина, „Андерфест” е повеќе од фестивал – тоа е традиција, движење и заедница што ја поттикнува домашната рок култура

Поврзани вести

📸Елена Најдоски со сопругот на луксузен одмор во Кан и Монте Карло, по повод тригодишнината од бракот

Urednik

Објавена програма за Андерфест фестивал 6

Urednik

Камиказа се потсети на „Трст виa Скопје“

Urednik