Горан Бреговиќ, еден од најпознатите музичари од регионот, бил уловен на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград. Славнииот Бреговиќ влегол во џипот вреден 100.000 евра со кој пристигнале неговите соработници, и заминале во непознат правец.
Брега слетал на белградскиот аеродром во мошне модерно издание. Музичарот носел широки фармерки, кои во последно време стануваат сè попопуларни, но она што навистина привлекло внимание бил автомобилот во кој се качил.
Музичарот се враќал од уште еден успешен настап во странство. Иако изморен, бил расположен и ги поздравил присутните новинари пред да се качи во луксузниот џип што го чекал пред зградата.
Да потсетиме, Брега инвестирал во недвижност, кој според српските медиуми вреди околу 35 милиони евра. Бреговиќ има луксузна вила на Сењак, а дел од вилата ја издава под наем на компанија.
– Внатре во самата вила се наоѓа компанија на која ѝ го изнајми просторот. Меѓутоа, тоа е само еден дел од огромната вила што ја поседува. Другата половина решил да ја зачува за себе, бидејќи поради честото изнајмување вили и куќи за снимање разни видеа и реклами, сепак сака да има дел за себе за да може да се одмори – изјавил изворот за „Блиц“ и додал:
– Првенствено, тука требаше да има огромно музичко студио во кое тој ќе создава музика, но засега не се знае дали ќе дојде до таа реализација. Планот постои. Засега, тоа е само простор каде што понекогаш престојува, кога ја изнајмува куќата во која живее за да снима филм, серија или видео. На овој начин, заработува сигурни пари и е целосно безбеден, а ако во некој момент одлучи да ја напушти музиката, секогаш ќе може да живее од издавање – рекол изворот и истакнал дека еден ден за снимање, во зависност од просторот, чини помеѓу 2.000 и 3.000 евра.
