Шаја Лебеф, кој беше заглавен во контроверзии во последниве години, е примен во Католичката црква и сериозно размислува да стане ѓакон, пишува People.
Актерот од „Трансформерс“ (37), „целосно беше примен во црквата изминатиов викенд преку светата тајна на иницијација од страна на капучините францисканци“, кажаа оттаму.
„Францискански монаси капучини се исклучително среќни што го пречекуваат во своите редови и ја сведочат неговата длабока посветеност на патувањето на верата“, напиша групата во објавата на Инстаграм. Самиот пост прикажува три фотографии на кои актерот позира со свештеници и монаси.
„Шаја Лебеф, познат по својот неверојатен талент и страст во забавната индустрија, тргна на длабоко духовно патување што го наведе да ги прифати учењата на Католичката црква“, напиша групата. „Неговата одлука целосно да влезе во Црквата е доказ за неговата искрена желба да расте во односот со Бога и да живее според евангелските вредности“.
Католичката новинска агенција објави дека посветувањето на Лебеф се одржало во неделата во парохијата Old Mission Santa Inés Parish во Солванг, Калифорнија. Актерот изјавил дека има намера да стане ѓакон во црквата „некогаш во иднина“.
Капучинскиот монах, брат Александар Родригез, кој му служеше како ментор на ЛеБоф, изјави за CNA дека Лебеф размислувал да стане ѓакон откако го снимил својот филм „Падре Пио“ во 2022 година. Тој во тој филм го игра италијанскиот свештеник од 20 век Франческо Форџоне и помина извесно време во оваа калифорниска парохија подготвувајќи се за улогата, според CNA.
„Тој само спонтано рече: „Сакам да бидам ѓакон“, и се уште се чувствува така“, изјави Родригез за публикацијата.
„Ако сакате извонредни искуства и ви е дадена задача да го играте Пио, вашиот живот ќе се промени“, рече Лебеф за тоа како улогата влијаела врз него.