СТАНДАРД life
Фото: Принтскрин / Инстаграм
Шоубиз

(Фото) Ги избодел до смрт: Синот е главниот осомничен за смртта на славниот режисер Роб Рајнер и неговата сопруга

Ник Рајнер е главниот осомничен за смртта на актерот Роб Рајнер и неговата сопруга.

Веста дека познатиот режисер и актер Роб Рајнер и неговата сопруга Мишел Сингер се пронајдени мртви во нивниот дом во Лос Анџелес во неделата ја шокираше јавноста. Холивудскиот гигант кој стана познат по филмовите „Невестата принцеза“, „Кога Хари ја запозна Сали…“, „Стој покрај мене“, „Ова е спинална тапка“, „Неколку добри луѓе“ и многу други, бил пронајден во ужасна состојба со својата сопруга, а според полицијата и изворите, тие биле убиени со прободување.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by People Magazine (@people)


Иако на почетокот немало осомничени, некои странски медиуми објавија дека двојката била убиена од нивниот среден син, Ник, кој претходно имал огромни проблеми поради наркотици.

Ник Рајнер е приведен и во моментот е на испрашување во Одделот за грабежи и убиства на Полициската управа на Лос Анџелес по смртта на неговите родители, Роб Рајнер и Мишел. Повеќе извори блиски до семејството изјавија за магазинот „Пипл“ дека Ник ги убил своите родители.

Телата на Роб и Мишел во неделата, 14 декември, ги пронашла нивната ќерка Роми Рајнер, наведуваат извори за „Пипл“.

Инаку, Ник Рајнер ги следел стапките на својот татко, а последниот филм на кој работел бил „Биди Чарли“ во 2016 година, кој е за животот на улица.

Тој првпат бил однесен во центар за рехабилитација околу неговиот 15-ти роденден, завршил на рехабилитација 17 пати во текот на целиот свој живот, а самиот филм го режирал неговиот татко, Роб Рајнер.

„Тоа не е мојот живот. Бев во многу такви институции, па имав многу слични приказни“, рекол Ник.

Една од темите што се појавуваат накратко во филмот е бездомништвото – искуство кое Ник го преживеал многу подолго и потешко во реалниот живот.

„Бев бездомник во Мејн. Бев бездомник во Њу Џерси. Бев бездомник во Тексас. Спиев на улица. Поминав недели на улица. Воопшто не беше лесно“, се присетил Ник.

Неговиот живот на улица, како и неговите престојувања во засолништа, следеле откако одбил да се врати на рехабилитација.

„Ако сакав да си го правам своето, а не да одам на програмите што ги предложија, тогаш морав да бидам бездомник“, објаснол тој.

Сепак, Ник признава дека тоа искуство, колку и да било тешко, му донело нешто добро – не само како инспирација за филмот.

„Ме обликуваше и ме направи личноста што сум денес, бидејќи морав да се справам со сето тоа. Запознав неверојатни луѓе, целосно надвор од мојот претходен свет. Сега сум дома долго време и се навикнувам да живеам во Лос Анџелес и повторно да бидам близок со моето семејство. Но, темните години се зад мене.“

 


Откако го напуштил последниот центар за рехабилитација на 19-годишна возраст, Ник наводно се обидел да остане „чист“ за никогаш да не се врати на улица.

„Додека бев таму, можев да умрам. Сè е прашање на среќа. Ги фрлаш коцките и се надеваш дека ќе преживееш“, изјавил тој за магазинот „Пипл“.

Сепак, по тврдењето дека е одговорен за смртта на неговите родители, се поставува прашањето дали Ник се вратил на своите стари навики.

Поврзани вести

Сара Џесика Паркер посвои мачка од серијата And Just Like That…

Urednik

Емили Ратајковски и официјално се разведе по три години: „Бев многу несреќна“

Urednik

Расел Бренд се соочува со нови обвиненија за силување

Urednik