СТАНДАРД life
Фото: Јутјуб/Принтскрин/Адрија
Балкан микс

Се огласи Марија Микиќ по инцидентот во Скопје: „Револтирана сум и лута!“

Српската пејачка Марија Микиќ синоќа настапи во Македонија, но откако заврши шоуто ја пречека уништен автомобил.

Марија сега се огласи за домашните медиуми за да ја разјасни ситуацијата.

Имено, пејачката фотографираше од местото на настанот и им ја покажа на своите следбеници на Инстаграм штетата, а сега откри дека не станува збор за нејзин автомобил.

– Не е мојот автомобил, туку комбето во кое се возиме јас и мојот бенд. Се случи на јавен паркинг во центарот на Скопјe. Украдени се некои лични работи, но ништо што не може да се реши. Најважно е што сите сме добро и дека не дојде до инцидент – откри Марија, додавајќи:

– Само што го најдовме пред ресторанот. Стаклото беше заменето, сè беше поправено и се вративме, но ете. Се случи сред бел ден, па бев малку лута и револтирана. Има секакви од нас и тоа е тоа – рече таа.

– Секогаш сме биле топло пречекани во Скопје, па затоа разбирам дека ова е само некој несреќен човек и дека ова можеби било единственото решение за неговиот проблем. На негова чест, сè друго е решливо – рече Марија Микиќ.

Поврзани вести

🎼Беше најбараната манекенка во Југославија, а остана запаметена по бурната врска со Бреговиќ, кој и го посвети својот голем хит!

Urednik

Концертот на Бајага откажан во Солин, организаторите имале притисоци?

Urednik

Мистеријата со хитот на Жељко Јоксимовиќ: Луѓето бараат од пејачот да им ги реши сомнежите за текстот на неговата позната песна (ВИДЕО)

Radmila Tasevska