СТАНДАРД life
Фото: Принтскрин / Инстаграм
Шоубиз

(Фото) Ана Курникова и Енрике Иглесијас го добија четвртото дете, тенисерката роди на 44 години

Ана Курникова и Енрике Иглесијас го добиле четвртото дете, а поранешната тенисерка ја споделила оваа среќна вест на Инстаграм.

Ана Курникова неодамна била фотографирана со голем, труднички стомак, додека ги носела децата на училиште. А сега и самата тенисерка објавила дека на 44 години родила четврто дете. Бебето на славната двојка се родило во елитно породилиште на Мајами.

Судејќи по фотографиите, Иглесијас и Курникова добиле момче. Името на новороденчето сè уште не е познато. Бебето се родило на 17 декември, но поранешната тенисерка одлучила да им го соопшти тоа на своите обожаватели цела недела подоцна.

 


„Ова е најпрекрасниот момент пред Божиќ. Ви го честитаме од срце!“, „Нека биде најсреќен и голем да расте!“, „Нека стане шампион како мајка му и талентиран пејач како татко му“, обожавателите веднаш почнале да ѝ честитаат на социјалните мрежи.

Ана Курникова и Енрике Иглесијас веќе 24 години се заедно. Досега имаа три деца. На 16 декември 2017 година добиле близнаци, синот Николас и ќерката Луси, а на 30 јануари 2020 година ја добиле ќерката Мери. Откако се пензионира од професионалниот спорт, Ана претпочита да води приватен живот. Ретко се појавува во јавност, ретко споделува фотографии од своите деца, а обожавателите на спортската ѕвезда дознаа за нејзината венчавка дури откако самиот Енрике го откри тоа во едно интервју.

„Не ми требаат никакви гласни забави; не сакам да бидам постојано во јавност. Ана целосно ме поддржува во тој поглед. Таа не е ‘гламурозна убавица со пет ѕвездички’“, признал пејачот.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paulo Germano (@paulogermano.com.br)


Курникова е поранешна светска тенисерка број 1 во пар, двократна шампионка на Аустралиан Опен во пар и двократна шампионка на ВТА финалето во пар (сите четири пати со Мартина Хингис).

Поврзани вести

Овие две серии доминираа на наградите Еми

Radmila Tasevska

Музејот на восочни фигури треба да ја поправи фигурата на Двејн Џонсон, реагираше и самиот актер (ФОТО)

Radmila Tasevska

(Видео) Ријалити ѕвезда жали за естетската операција од 25.000 долари: „Ми го уништи животот!“

Urednik