СТАНДАРД life
Шоубиз

Кејт Бекинсејл (50) со децении не била изложена на сонце, а се плаши од хемиски пилинг и други третмани

Доколку Кејт Бекинсејл сакаше да држи часови по убавина и мода, можеше да „заработи“ од своето знаење за гламурот, негата на кожата и телото. Иако секогаш е беспрекорна на црвениот тепих, често предизвикувајќи интриги и скептицизам кај оние кои се запознаени со нејзините години, актерката во приватниот живот има скромен пристап кон рутината за дотерување.

– Немав апсолутно никаква рутина до доцните триесетти, можеби раните четириесетти. Генетски сум благословена, мајка ми има одлична кожа – изјавила Кејт, а пренесува „Пипл“.

Иако таа им дава голем дел од заслугите на своите гени, таа е исто така многу проактивна за ограничување на изложувањето на нејзината кожа на сонце.

– Сонцето не го видов првите неколку децении од мојот живот и тоа веројатно многу ми помогна. Пораснав во Англија и во ретки прилики одевме на одмор некаде навистина жешко. Во периодот кога почнав да ги посетувам топлите краишта, станав параноична дека ќе добијам пеги, па носев заштитен фактор 70.

Кејт е посветена на дрогерските производи, од кои особено ја истакнува лојалноста кон брендот „Пантен“, кој, како што вели, „не е платена реклама“. Актерката е љубител на природното, често прави домашни маски за лице од белки од јајца и авокадо. Таа вели дека се „плаши“ од поинтензивни техники.

– Никогаш не сум направила нешто како хемиски пилинг, на пример. Гледам дека дава резултати, но се плашам дека ќе завршам со лузни – искрена е таа.

Бекинсејл вели дека едноставно бара производи кои „ја прават кожата да се чувствува подобро“ и го промовира ретинолот како клучна состојка „за измазнување на порите и одржување на младоста“.

Актерката објаснува дека нејзиниот едноставен пристап кон убавината е производ на „сожалувањето“ што го развила поради постојаниот притисок што го наметнува нејзината работа и холивудската индустрија.

– Мислам дека другите луѓе се многу опседнати со стареењето на начин на кој јас не сум. Многу ме прашуваат за тоа. Сигурна сум дека ќе дојде време кога ќе забележам значителни промени, но засега тоа не е така – вели педесетгодишната актерка.

Велат дека „стануваме токму она од што се плашиме“, па можеби токму таму лежи нејзиниот таен еликсир на младоста – во отсуство на страв од стареење.

Поврзани вести

Најголема поддршка: Ѕвездата од „Опенхајмер“ повеќе од 20 години сака таинствена Ирка

Urednik

📸Кристина Агилера откри како ослабела скоро 20 килограми

Urednik

Леонардо ди Каприо повторно „уловен“ со млада манекенка (25): Пред два месеци се разведе од сопругот…

Urednik