СТАНДАРД life
Фото: Принтскрин/Инстаграм
МК Сцена

(Фото) Васил Гарванлиев со сопругот го прослави католичкиот Божиќ и го покажа прекрасно декорираниот дом

Македонскиот пејач Васил Гарванлиев, кој ја претставуваше Македонија на Евровизија 2021 година, денеска сподели на својот профил на Инстаграм дел од празничната атмосфера во својот дом во Чикаго.

Васил со својот сопруг Џејсон и со нивните домашни миленици го одбележа католичкиот Божиќ во топла, семејна атмосфера.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vasil Garvanliev (@vasilg)


На фотографиите можеме да го видиме раскошниот дом на Гарванлиев, празнично декорирсн и полн со светлечки украси.

Посебно внимание привлекоа двете новогодишни елки – едната сместена во дневната соба, украсена со впечатливи црвени панделки, додека другата е со бели и неколку црни лампиони.

„Повеќе од зборови… колку вреди оваа слика (или обидот да се направи совршената). Благодарни сме на секој од вас што е дел од нашите животи. Ви посакуваме прекрасни празници“, напиша Гарванлиев покрај серијата празнични фотографии.

Поврзани вести

Елена Ристеска одмора во Хрватска

Urednik

🎥Agents of Time, Meduza, Layla Benitez, Senidah и многу други на Get EXITed во Струмица

Urednik

Џон Њуман и Бурак Јетер пристигнуваат на „ЕГЗИТ“ во Струмица

Urednik