СТАНДАРД life
Фото: Принтскрин / Инстаграм
Шоубиз

(Фото+видео) Никогаш пошокантна: Хајди Клум дојде „гола“ на Греми, едвај можеше да оди

Моделот и водителка Хајди Клум сме навикнати да ја гледаме во разголени изданија на црвениот тепих. Овој пат, многумина велат дека ова издание е најшокантно!

Црвениот тепих на церемонијата порано беше резервиран за елегантни фустани, смокинзи и шармантни пози што познатите личности ги правеа пред светските фотографи. Во последниве години, оваа „модна ревија“ е посветена, се чини, на креации кои шокираат, а не ги инспирираат „обичните луѓе“ да вклучат слични тоалети во својот гардеробер.

Ја видовме Чанел Роан во фустан што висеше од брадавиците, Џастин Бибер во боксерки и црни чорапи на сцената, но и „голиот“ фустан на познатата Хајди Клум, кој е препознатлив по својот автентичен моден израз.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Heidi Klum (@heidiklum)


Оваа година, Хајди се појави на доделувањето на Греми наградите во „гол“ латекс фустан кој беше стилизиран да изгледа како втор слој кожа – брадавиците, папокот, дури и долниот дел изгледаа вистински, а ова ремек-дело го создаде германската дизајнерка Марина Херманседер.

 


Иако веројатно биле потребни часови, денови и недели за да се долови совршената фигура на Хајди, се чини дека биле потребни секунди за коментарите на социјалната мрежа Икс да почнат да се нижат.

Некои ја пофалија креативноста, но победник беше еден корисник на Икс, кој ја спореди Хајди со пилешко од супермаркет.

 

 

 

Поврзани вести

Најважната улога на Антонио Бандерас: „Да ја видам мојата Стела во венчаница е најголемата среќа во мојот живот“

Urednik

Позната пејачка: Татко ми повика полиција откако ја изгубив невиноста

Radmila Tasevska

Лудилото на Тејлор Свифт не престанува, концертниот филм за турнејата што се уште трае ги скрши кино благајните ширум светот и ги разнесе Барби и Опенхајмер

Radmila Tasevska