СТАНДАРД life
Шоубиз

Фотографиите открија со кого Хју Џекмен го поминал првиот роденден по разводот

Познатиот актер Хју Џекмен го прослави својот 55-ти роденден. Ова е негов прв роденден откако минатиот месец се разведе од сопругата Дебора Ли по 27 години брак.

Хју го прослави својот роденден во познато друштво. Најпознатиот холивудски пар Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли прошетаа со Хју низ улиците на Њујорк. Сите тројца беа облечени во лежерни модни комбинации, а папараците будно ги следеа зад нив.

Инаку, Хју и Рајан се најдобри пријатели долги години.

Објави фотографија од тинејџерските денови

По повод неговиот роденден, Хју на Инстаграм објави фотографија од тинејџерските денови. „Имав можеби 17 години. Бев помошник тренер во фудбалскиот тим“, напиша Џекмен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hugh Jackman (@thehughjackman)

На фотографијата Хју прави фаца и е облечен во костум. Под фотографијата се собраа еден куп коментари. „Ако некој ми ја покажеше оваа слика и ми речеше да погодам кој е, никогаш немаше да погодам дека тоа е Хју Џекмен“, е еден од коментарите. Многумина го пофалија неговиот изглед и му посакаа среќен роденден.

Поврзани вести

Откриено е која ќе биде темата на следната Мет Гала и кога ќе се одржи (ФОТО)

Radmila Tasevska

Стивен Спилберг може да гледа само еден од неговите филмови одново и одново – еве кој!

Urednik

Откако постави титаниумска протеза, Канје Вест ги загрижи обожавателите: „Што му е на усната?

Radmila Tasevska