СТАНДАРД life
Фото: Принтскрин / Инстаграм
Шоубиз

Ненадејно почина легендарниот турски актер на 45 години: Играше во „Сулејман Величествениот“

Познатиот турски актер Канболат Ѓоркем Арслан, кој беше итно префрлен во болница откако му се слошило во неговиот дом среде ноќ, почина од срцев удар на 45-годишна возраст. Арслан беше препознатливо лице на екранот, а домашната публика го памети по неговите улоги во бројни хит серии како што се „За мојот син“, „Сулејман Величествениот“, „Езел“ и „Освојувачот Осман“.

На Канболат Ѓоркем Арслан му се слошило синоќа во неговиот дом во населбата Бејоглу. По итната дојава, медицински екипи биле испратени на адресата кои првата интервенција ја извршиле на терен, објавуваат турските медиуми.

Арслан потоа бил однесен со брза помош во болницата за обука и истражување Таксим.

За жал, и покрај сите напори на лекарите и итни интервенции во болницата, познатиот актер не преживеал. Потврдено е причината за смртта е срцев удар.

Канболат Ѓуркем Арслан остави длабок белег во турската кинематографија и телевизија. За време на својата кариера се појави во некои од најгледаните продукции.

Поврзани вести

📸 Поради нејзиниот изглед на 91 година сите се во шок: „На каква диета е…?“

Radmila Tasevska

Џорџина позираше за светски бренд, доби позитивни коментари од холивудска актерка

Urednik

Почина актерот Дејвид Гејл: Тој го играше свршеникот на Бренда во серијата Беверли Хилс

Radmila Tasevska