СТАНДАРД life
Шоубиз

Нур (29) за врската со Пачино (83): Нема да се омажам за него, иако го сакам

29-годишната Нур Алфалах проговори за врската со Ал Пачино со кој летово го доби синот Роман.

Во интервју за TMZ таа изјави дека „не сака да се омажи за 83-годишниот актер, иако го сака“.

„Јас не сум тип за мажење“, нагласи таа. Таа додаде дека бракот не го смета за важен чекор во љубовната врска. Oткри и дека претстојните празници ќе ги помине со Пачино.

Нур се осврна на нејзината врска со актерот неколку недели откако постигнаа договор за заедничко старателство. Судот во Лос Анџелес одлучи Пачино да и плаќа на девојката повеќе од 30.000 долари месечно за алиментација.

Потсетуваме дека за врската меѓу Нур и Пачино се зборува повеќе од две години. Во мај оваа година, портпаролот на актерот потврди дека Пачино и Нур го очекуваат своето прво заедничко дете.

Странските медиуми тогаш пишуваа дека Пачино бил изненаден од нејзината бременост, па Нур направила ДНК тест кој потврдил дека Ал е татко на нејзиното дете.

Ал Пачино (83) и Нур (29) прошетаа заедно: Парот пред два месеци го доби синот Роман

Поврзани вести

Том Круз изнајмил цел кат од ресторан за романтична вечера со фаталната Русинка

Urednik

Руски тајкун го предупреди Круз за новата девојка: „Држи ги очите широко отворени… И паричникот“

Urednik

📸 По гласините за раскинување, Том Брејди и Ирина Шајк забележани во автомобил и на приватна забава

Radmila Tasevska