СТАНДАРД life
Здравје

6 рани знаци на рак на простата за кои сите мажи треба да знаат

Истражувањето на YouGov од 2021 година покажа дека загрижувачки 68 отсто од мажите не знаат на кои знаци и симптоми треба да внимаваат кога станува збор за рак на простата.

За жал, во повеќето случаи, ракот на простата нема никакви симптоми додека растот не стане доволно голем за да изврши притисок врз уретрата – цевката низ која уринирате, според Prostate Cancer UK..

Шесте најчести рани симптоми, за кои треба да му кажете на вашиот лекар, вклучуваат:

1) Потреба за почесто мокрење, особено ноќе

2) Брзање во тоалет

3) Тешкотии при започнување со мокрење

4) Слаб проток

5) Напрегање и продолжено мокрење

6) Чувство дека вашиот мочен меур не е целосно испразнет

Ракот на простата главно ги погодува мажите постари од 50 години, а ризикот се зголемува со возраста, пренесе „The Sun“.

Ако се сомневате дека имате рак на простата, контактирајте го вашиот лекар.

Повеќе од 95 проценти од луѓето преживуваат една година по дијагнозата, а 85 проценти го преживуваат ракот по пет или повеќе години.

Изгледот зависи од тоа кога ќе се дијагностицира. Што порано тоа подобро.

Печурките го намалуваат ризикот од рак на простата

Поврзани вести

Ова е најлошата храна за нашите заби

Urednik

Колкав крвен притисок се смета за опасен, а кога нема причина за грижа?

Urednik

3 здравствени придобивки од сокот од целер

Urednik