СТАНДАРД life
Здравје

Природните лаксативи го зајакнуваат имунитетот и поттикнуваат губење тежина

Доколку страдате од запек, кој негативно влијае на целиот организам, наместо синтетички земете природни лаксативи. За разлика од лековите, нема штетни нуспојави и не можете да се навикнете на нив.

Природните лаксативи, во форма на одредени видови храна, пијалоци и билки, се користат за велнес цели за ублажување на запек повеќе од 2.000 години. Луѓето отсекогаш знаеле дека движењето на дебелото црево е од суштинско значење за добро здравје. Но, благодарение на модерните (нималку здрави) животни навики, сè почесто имаме дигестивни проблеми.

А тоа директно влијае на слабеењето на имунитетот и таложењето на вишокот килограми.

Кои се најефективните природни лаксативи?

Природните лаксативи (како обичната вода) прават одлична работа, без многу непријатни нуспојави кои можат да ги предизвикаат лаксативите без рецепт. Проблемот е што тие не ја решаваат основната причина за запек, па дури и може да го влошат проблемот. Синтетичките лаксативи можат да предизвикаат зависност, бидејќи телото се навикнува на нив и престанува да ги извршува своите природни функции.

Телото има неверојатна природна способност да се чисти и детоксицира – само треба да му се обезбеди квалитетна храна и доволно течности.

А кои се најефикасните природни лаксативи кои го чуваат здравјето?

1. Влакна

Иако зголемувањето на внесот на храна богата со растителни влакна можеби нема да ги реши сите случаи на запек, тоа е дефинитивно еден од првите чекори што треба да ги преземете. Всушност, една мета-анализа објавена во World Journal of Gastroenterology заклучи: „Внесувањето на диетални влакна може јасно да ја зголеми фреквенцијата на столицата кај пациенти со запек“. Значи, станува збор за природни лаксативи кои одлично ја извршуваат својата улога.

Што се смета за диета богата со влакна? Обидете се да внесувате помеѓу 25-40 грама влакна дневно. Овошјето и зеленчукот богати со влакна вклучуваат: авокадо, круши, смокви, сливи, бобинки, грашок, никулци…

2. Пробиотска храна

Пробиотиците се „добри бактерии“ во цревата кои се способни да ги балансираат различните видови „лоши бактерии“. Тие ја одржуваат цревната микрофлора во добра состојба, спречуваат запек, промовираат губење на тежината, го зајакнуваат имунитетот, го олеснуваат варењето и многу повеќе. Пробиотската храна вклучува кефир, комбуха, кисела зелка, кимчи и пробиотски јогурт.

3. Чиа семе

Една од придобивките од чиа семето е неговата способност да апсорбира вода во гастроинтестиналниот тракт и затоа делува како природен лаксатив. За да го извлечете максимумот од овој природен лаксатив, оставете го да отстои во вода (1 лажица семки до 10 лажици вода) додека не отече – помеѓу 30 минути и два часа. Дури потоа конзумирајте го (можете да го додадете во сокови и смути).

4. Ленено семе

Лененото семе е одличен извор на влакна, кои го зголемуваат волуменот на столицата и помагаат да мине низ цревата. Една лажица од овој природен лаксатив содржи околу 3 грама влакна. Една од предностите на лененото семе е тоа што лесно се комбинира и со слатка и со солена храна – може да се додаде буквално на се.

За подобар ефект користете свежо мелено ленено семе. Во случај на запек, консумирајте 2 до 3 лажици ленено семе дневно. Само запомнете дека зголемениот внес на влакна бара и зголемен внес на вода. Имено, голема количина на влакна, без доволно течност, може да го влоши запекот, односно да предизвика уште поголем проблем.

Поврзани вести

Што се случува во нашето тело ако редовно јадеме сливи?

Urednik

Докторка наброја намирници за кои сме убедени дека се здрави, но се лажеме

Urednik

Ова се петте најздрави видови леб! Избегнувајте ги другите

Urednik