СТАНДАРД life
Здравје

Пет намирници кои помагаат во ублажување на проблемите со синусите

Главоболката и затнат нос се главните знаци дека имате инфекција на синусите. За среќа, постојат одредени намирници кои го зајакнуваат имунитетот и помагаат во ублажување на симптомите на оваа непријатна појава.

Ѓумбир

Ѓумбирот е една од најдобрите намирници за инфекции на синусите, особено ако алергиите предизвикуваат проблеми со синусите, пишува Klix.ba.

Студијата од 2020 година објавена во „BMC Complementary Medicine and Therapies“ покажа дека земањето 500 милиграми ѓумбир секој ден ги ублажува симптомите на алергија како затнат нос подеднакво ефикасно како и земањето 10 милиграми од лекот.

Едноставно направете си чај од ѓумбир. Иако пиењето чај од ѓумбир можеби нема да ги има истите ефекти како земањето екстракт од ѓумбир, постојат докази дека може да помогне при проблеми со синусите.

Сокот од ѓумбир без додаден шеќер, исто така, може да биде еден од најдобрите пијалаци за помош при инфекција на синусите.

Лук

Лукот ослободува супстанца која може да има антибактериски и антимикробни својства во борбата против вирусите.

Овие антибактериски својства можат да помогнат во олеснување на проблемите со синусите, настинките и акумулацијата на слуз. Сепак, потребни се повеќе истражувања за подобро да се разбере како лукот може да ги третира проблемите со синусите.

Кромид

Како и лукот, така и кромидот може да има слични антибактериски ефекти. Исто така, содржи алицин, кој може да помогне во лекувањето на симптомите на инфекција на синусите, како што е затнат нос.

Шарено овошје и зеленчук

Според една студија од 2013 година објавена во „Advances in Nutrition“, боите во овошјето и зеленчукот може да имаат антиинфламаторни ефекти кои му помагаат на вашето тело да функционира подобро и да се бори против инфекции, пренесува Klix.ba.

Овде главно се подразбираат овие видови на овошје и зеленчук: јагоди, боровинки, цреши, портокали, домати, спанаќ и кељ.

Зачинета храна

Зачинетата храна може да биде добра и за јадење кога имате инфекција на синусите. Тоа е затоа што капсаицинот, супстанца која се наоѓа во лутите пиперки, може да помогне во слабеењето на слузта, што помага во ублажување на симптомите како затнат нос.

Поврзани вести

3 златни правила за живеење со висок крвен притисок кои вреди да се применат

Urednik

Три знаци во устата кои можат да сигнализираат за недостаток на витамин Б12

Urednik

Кардиолозите тврдат дека ова е најдобрата храна за здравјето на срцето

Radmila Tasevska