СТАНДАРД life
Фото: Принтскрин / Инстаграм
Шоубиз

Ја загуби битката со ракот: Почина Џејмс ван дер Бик, ѕвездата на серијата „Светот на Досон“

Холивудскиот актер Џејмс ван дер Бик, најпознат по својата главна улога во американската тинејџерска драма „Светот на Досон“ (Dawson’s Creek), почина на 48-годишна возраст по борба со рак на дебелото црево, објави Би-би-си.

Неговата сопруга Кимберли Ван Дер Бик ја објави веста на Инстаграм.

„Нашиот сакан Џејмс Дејвид Ван Дер Бик почина мирно утрово. Последните денови ги дочека храбро, со вера и достоинство. Има многу што би сакале да споделиме за неговите желби, љубовта кон човештвото и светоста на времето. И за тоа ќе дојде денот. Засега, ве молиме за приватност додека тагуваме по нашиот сакан сопруг, татко, син, брат и пријател“, напиша таа.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by James Van Der Beek (@vanderjames)


На актерот му беше дијагностицирана болеста во втората половина на 2023 година, но веста не ја објави сè до ноември 2024 година.

Ван Дер Бик, кој има шест деца со Кимберли – ќерките Оливија, Анабел, Емилија и Гвендолин и синовите Џошуа и Џеремаја – јавно проговори за својата дијагноза за првпат во ноември 2024 година. Потоа изјави дека е фокусиран на своето здравје и семејство.

„Имам рак на дебелото црево“, откри тој. „Се справувам со мојата дијагноза приватно и преземам чекори за лекување, со поддршка на моето неверојатно семејство. Има причина да бидам оптимист и се чувствувам добро.“

Ракот му беше откриен по рутинска колоноскопија. Актерот призна дека не бил загрижен пред прегледот, иако, гледајќи наназад, имал симптоми.

„Стануваше збор само за промена на дигестивните навики“, рече тој. „Мислев дека веројатно треба малку да ја прилагодам исхраната. Можеби треба да престанам да пијам кафе. Можеби не треба да ставам шлаг во него. Кога конечно го исфрлив тоа, а состојбата не се подобри, помислив дека е подобро тоа да го проверам.“

Таткото на шест деца глумеше во многу популарни серии и филмови кон крајот на 1990-тите и почетокот на 2000-тите, вклучувајќи ја и култната серија „Светот на Досон“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by James Van Der Beek (@vanderjames)


Тој последен пат се појави во јавноста на 19 декември во емисијата „Тудеј“. Тогаш рече дека се чувствува „многу, многу подобро отколку пред неколку месеци“.

„Патувањето беше подолго отколку што некогаш мислев. Бараше повеќе трпение, дисциплина и сила од мене отколку што знаев дека ги поседувам. Знаев дека сум силен, но не знаев дека сум толку силен. Но, се чувствувам добро“, рече тој.

 

Поврзани вести

Фотографите ја фатија Меган Маркл, таа со еден потег ги разбесни Британците

Radmila Tasevska

(Фото) Нема повеќе криење: Џастин Трудо ја објави првата официјална фотографија со Кети Пери и тоа од Јапонија

Urednik

(Фото) Ким Кардашијан се соблече во најминијатурните чипкани гаќи, а го покажа и бујното деколте

Urednik