Ел Мекферсон откри дека тајно се борела со рак на дојка пред седум години и сега е во ремисија и покрај тоа што одбивала хемотерапија.
Светскиот топ модел Ел Мекферсон, во мемоари што ги објави откри како таа усвоила „холистички“ пристап кон болеста и одбила хемотерапија и покрај тоа што 32 лекари ѝ советувале ракот да го лекува на тој начин.
Во разговор за „Вумес викли“ за нејзината дијагноза, Ел открила:
– Беше шок, беше неочекувано, беше збунувачко, беше страшно на многу начини и навистина ми даде можност да навлезам длабоко во мојата свест и да најдам решение што е добро за мене.
Лекарите ѝ советувале на Ел да се подложи на мастектомија (отстранување на дојките), со зрачење, хемотерапија, хормонска терапија и реконструкција на градите.
Сепак, Ел, која во тоа време го посетувала озлогласениот антиваксер Ендру Вејкфилд, одлучила да оди против конвенционалната медицина, велејќи дека тоа е прекрасна вежба да биде верна на себе, да си верува себеси и да верува во природата на своето тело и изборите што ги направила.
– Кажувањето „не“ на стандардните медицински решенија беше најтешката одлука во мојот живот. Но, кажувањето „не“ на моето внатрешно чувство би било уште полошо – рекла таа, додавајќи дека хемотерапијата и операцијата ѝ се чинеле „екстремни“.
Ел сега е во ремисија и открила дека нејзиниот партнер и најстариот син биле против нејзината одлука да не се подложи на хемотерапија.
