СТАНДАРД life
Фото: Принтскрин/TMZ
Шоубиз

Вознемирувачко видео: Претепаниот Шаја Лабаф гол до појас лежи на улица

Холивудскиот актер Шаја Лабаф вчера беше уапсен во Њу Орлеанс, откако во текот на карневалот викендов, го поминал забавувајќи на карневалот Марди Грас. Полицијата на Њу Орлеанс соопшти дека интервенирале во квартот Фобур Мариња, недалеку од Францускиот кварт, епицентарот на карневалските настани, бидејќи Лабаф наводно станувал сè поагресивен во локален бар.

Меѓутоа, по објавеното видео од страна на американскиот портал ТМЗ на социјалните мрежи каде што е снимено како лежи повреден и гол до појас, Шаја Лабаф е уапсен под сомнение за учество во инцидентот.

На социјалните мрежи се појави вознемирувачко видео на кое се гледа како Шаја Лабаф лежи гол до појас и повреден на улица, додека неколку луѓе го тепаат. На снимката се гледаат траги од повреди и шокирачка состојба, што предизвика лавина реакции кај корисниците.


На сминката се гледа како актерот лежи на бетонот, а откако се обидува да стане, еден човек го предупредува да остане долу, додека двајцата го удираат со тупаници и го оставаат на земја.

„Ќе те претепаме, смири се!“, му вика еден човек на Лабаф.

Полицијата брзо интервенираше по пријавата за настанот и го лиши од слобода Шаја Лабаф, кој е осомничен за учество во инцидентот. Засега не се објавени дополнителни детали за причините за нападот, ниту за официјалната верзија на обвинението.

Институциите најавија дека истрагата е во тек и дека ќе бидат преземени сите потребни активности за целосно расчистување на случајот, со цел да се утврдат околностите околу нападот и одговорноста на учесниците.

Поврзани вести

Шакира се договорила со властите во случајот за даночна измама и избегнала затвор

Radmila Tasevska

Шарлиз Терон стави крај на гласините за пластичните операции

Urednik

(Видео) Шокантни тврдења на ќерката на Дејвид Боуви: Татко ми присилно ме смести во центар за злоупотреба, врескав…

Urednik