СТАНДАРД life
Фото: Принтскрин / Инстаграм
Шоубиз

„Стана неподносливо!“: Сузана Манчиќ се сели од својот стан од 175 квадрати во Белград

Најпознатата лото девојка во регионот, Сузана Манчиќ (69), овие денови доживува голема промена во животот. Како што открила за српските медиуми, одлучила да го напушти својот стан во самиот центар на Белград од 175 квадрати и да се пресели во потивок дел од градот, далеку од градската врева и секојдневната бучава.

Станот е опремен со скапоцен стилски мебел, со мноштво вредни уметнички слики и други предмети, а има и голема библиотека и тераса.

Како што вели Сузана, животот во строгиот центар станал премногу напорен за неа.

„Белград стана малку неподнослив. Бев во центарот и центарот стана невозможен за живот. Се селам во помирни краишта кои не се далеку, но нудат сосема поинаков мир“, изјавила таа за „Блиц“.

Со години живеела во срцето на градот, но бучавата, сирените и забрзаното темпо, признава таа, почнале сериозно да ја вознемируваат. Токму затоа решила да сврти нова страница и да пронајде средина што ќе ѝ обезбеди повеќе тишина и приватност.

Освен што се преселила во градот, Сузана со години се грижи и за за својата викендица во Велика Моштаница, која има посебна емоционална вредност за неа. Станува збор за семејниот имот што го наследила од својот татко.

„Ова е земјата на мојот татко. Како дете, гледав како мојот татко, кога се пензионираше, засадува прекрасен овоштарник и два реда лозја. Во тоа време, таму беше само мала барака каде што го чуваше алатот и се криеше од дождот“, се присетила таа.

По смртта на нејзиниот татко во 1994 година, имотот бил запуштен со години. Никој, вели Манчиќ, не стапнал таму речиси една деценија. Обновата на имотот не била ниту брза ниту евтина. Сузана вложила години труд, работа и голема сума за запуштената парцела да ја претвори во, како што вели, „рај на земјата“.

 

 

Поврзани вести

МНОГУ ДЕВОЈКИ БЕА ЗАЉУБЕНИ ВО НЕГО: Актерот шармираше во филмот „Три метри над небото“, а еве каде е денес и со кого

Radmila Tasevska

Никол Кидман и Кит Урбан се разведуваат по 19 години брак

Urednik

(Видео) Победникот на „Ѕвездите на Гранд“ уапсен во Турција: „Завршив во полиција, ова возило ме зеде“

Urednik