СТАНДАРД life
Балкан микс

🎥Фан на Розга зел боледување за да ја види и да и постави едно прашање…

Хрватската пејачка Јелена Розга на последниот настап доби важна порака од свој обожавател, а еве како му одговори.

Таа во четвртокот настапи на настанот наречен „Ninina čarobna Shhhuma“.

Многубројната публика уживаше на концертот, а еден обожавател се потруди посебно да ја стави Јелена во центарот на вниманието.

Младиот човек во еден момент кренал транспарент со сликата на Јелена и текст.

„Зедов боледување поради тебе. Може ли да го добијам твојот број?“, пишуваше на транспарентот.

Розга му се заблагодари и го праша колку години има, а тој одговори: „19“.

„А јас имам 27“, рекла Розга, на што публиката силно се насмеала.

Овој интересен момент од концертот на ТикТок го сподели басистот на Јелена, кој често на својот профил споделува ситуации од нивните настапи.

А како изгледаше, погледнете во продолжение.

@cico4music #jelenarozga #rozga #velika #nininacarobnashhhuma #shhuma ♬ original sound – cico

Поврзани вести

Денеска е роден Оливер Драгојевиќ: Во последната порака кажа што е најважно во животот

Urednik

На Лепа Брена и беше одобрена пензија: Дали ќе се повлече од сцената?

Urednik

Сања Кужет го прослави својот 40-ти роденден

Radmila Tasevska