СТАНДАРД life
МК Сцена

Интервју со „Некст тајм“: Се уште со огромна љубов и елан сакаме да докажеме дека во Македонија број еден треба да биде македонското

Сметаме дека во својата земја сите ние сме во втор или послаб ред, многу приоритет се дава на странските изведувачи. Проблемот е во тоа што македонската култура не се наметнува агресивно кај луѓето. Фрламе големи пари во странски изведувачи кој што таа хартија од вредност ја изнесуваат надвор од државата и така државата слабее, полека но сигурно финансиски, место тие пари да седат во државава. Сума сумарум, како сме третирани ние музичарите тука од страна на државата, се уште со огромна љубов и елан сакаме да докажеме дека во Македонија треба број еден да биде македонското, велат во интервју за „Стандард лајф“ Мартин и Стефан Филиповски од групата „Некст тајм“.

Од секогаш, велат, верувавме во нивните идеи и способности, „сакавме луѓето да знаат за нашата работа и дела, но никогаш не копнеевме по слава и популарност, едноставно се случи“.

-Убаво е кога луѓето те препознаваат, но уште поубаво е кога луѓето те ценат и препознаваат по тоа што го работиш, а не по трачеви и други работи, велат близнаците Мартин и Стефан.

Не се каат за ниту една одлука која ја донеле во текот на годините поврзана со нивната музичка кариера.

-Со сите подеми и падови ние сме тука каде што сме, и благодарение на публиката што гледа квалитет во нас, ние сме се уште тука на сцената за нив, истакнаа момците од „Некст тајм“.

Дали некогаш очекувавте дека ќе бидете волку популарни и колку ви се смени животот поради тоа?

-Од секогаш верувавме во нашата идеја и способности, да, сакавме луѓето да знаат за нашата работа и дела, но никогаш не копнеевме по слава и популарност, едноставно се случи. Убаво е кога луѓето те препознаваат, но уште поубаво е кога луѓето те ценат и препознаваат по тоа што го работиш, а не по трачеви и други работи.

Пред неколку недели излезе „Налеј Налеј“, дали очекувате да ја надмине „Ја излези Ѓурѓо“? Какви се реакциите на слушателите?

– „Налеј Налеј“ е една од најубавите народни македонски песни во минатото испеани и од златното грло на Васка Илиева. Не е направена песната со цел нешто да надмине, едноставно сметавме дека ја пеевме на сите наши настапи и нашата изведба беше прифатена одлично. Може да кажеме дека ни беше желба да имаме студиска обработка за оваа песна, и понатака да ја шириме и негуваме културата и традицијата на Македонија. Најважно е младите генерации да ги запознаат овие песни.

Дали повторно би се натпреварувале на Евровизија?

-Никогаш не вели никогаш, треба добра песна добар проект и многу други работи. Секогаш е благослов да можеш да ја презентираш Македонија на интернационално ниво , но сега за сега не ни е тоа на памет(Евровизија)

Доколку не се занимававте со музика, вашата професија ќе беше…?

– Веројатно фудбалери, од секогаш го сакаме фудбалот. Ако не фудбалери веројатно би имале некој бизнис со некој Паб.

Какво мислење имате за македонските артисти и со кого најмногу се дружите приватно?

– Се раѓаат нови дечки, нови младежни пејачи и пејачки, и тоа е добро. Но сметаме дека во својата земја сите ние сме во втор или послаб ред, многу приоритет се дава на странските изведувачи. Проблемот е во тоа што македонската култура не се наметнува агресивно кај луѓето. Фрламе големи пари во странски изведувачи кој што таа хартија од вредност ја изнесуваат надвор од државата и така државата слабее, полека но сигурно финансиски, место тие пари да седат во државава. Сума сумарум како сме третирани ние музичарите тука од страна на државата се уште со огромна љубов и елан сакаме да докажеме дека во Македонија треба број еден да биде македонското. Се дружиме со Лозано, Слаткар, Николче Мицевски

Дали се каете за некоја одлука којашто во минатото сте ја одбрале како исправна во тој даден момент поврзана со вашата музичка кариера?

– Искрено за ништо. Со сите подеми и падови ние сме тука каде што сме, и благодарение на публиката што гледа квалитет во нас, ние сме се уште тука на сцената за нив.

На што работите периодов, какви се вашите музичките планови за иднина?

-Имаме во план да снимиме уште неколку вакви песни без поголеми промоции едноставно да биде е тука и да и понудиме на публиката убави дела. Се спремаме за неколку настапи периодов што иде, и за другата година имаме исто убави и големи планови на музичко поле, како турнеја во Австралија настап во Германија и концерти низ Македонија.

Р.Т.

Поврзани вести

Рецензија на „Холивуд Репортер“ за „Патување пеш“: Режисерката на „Медена земја“ со нејзиниот ефективен спој на политичка итност и поетска креативност

Urednik

Сале Певац одбележува јубилеј: 25 години богата музичка кариера

Urednik

„Кажи ми во лице“ е мелем за уши – Музичкото дуо Дупер со нов музички хит

Radmila Tasevska