СТАНДАРД life
Балкан микс

Александра Пријовиќ влезе во историјата: Само таа го можеше ова

Пејачката Александра Пријовиќ деновиве е главна тема на медиумите во Србија, но и во регионот.

Имено, таа неодамна ја започна својата регионална турнеја „Од исток до запад“, одржувајќи три последователни концерти во белградската Штарк Арена.

После тоа распродаде три Арени во Загреб и закажа четврта, распродаде два Чаира во Ниш, а закажа втор концерт во сараевска Зетра. За многумина е неверојатно како Пријовиќ успеа да постигне ваков успех на само 28 години, а за неа се зборуваше дури и во Дневникот на Хрватската телевизија.

Како што пренесува „Ekskluziva.ba“, Александра испиша историја закажувајќи го својот втор концерт во сараевска Зетра.

Имено, концертот е закажан за 29 октомври, а српската пејачка е првата која успеала да закаже два последователни настапи во оваа сала. Според гореспоменатите медиуми, тоа не им успеало ниту на „Бијела Дугме“ за време на нивната најголема популарност, а ова ќе биде првпат некој во Зетра да одржува концерт ден за ден.

Поврзани вести

Северина во друштво на познат продуцент

Radmila Tasevska

Бившата ѕвезда од „Задруга“ Тара Симов доби син (ФОТО)

Urednik

Јелена Костов за враќањето на музичката сцена: „Не сакав ништо со сила, туку кога почувствував дека е вистинското време“!

Urednik